– На сите полициски службеници им се дадени насоки да вршат контроли, да предупредуваат и како крајна мерка да преземаат репресивни мерки. Контролите се вршат постојано, но сега со затоплувањето на времето поголем е бројот и на сопствениците кои ги шетаат своите миленици, но поголема е и фреквенцијата на луѓе на јавните места. Оние сопственици кои не ги почитуваат законските одредби ќе бидат предупредувани, а доколку тоа е потребно ќе бидат поднесувани и прекршочни пријави, велат од СВР- Охрид.
Согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, за ваков вид прекршок, предвидена е глоба во износ од 100 до 400 Евра во денарска противвредност.
Според Законот за ветеринарно здравство, и комуналните инспектори имаат надлежност на сопствениците кои не ги почитуваат законските одредби, да им земат лични податоци и да поднесат прекршочна пријава која потоа се проследува до судот.
Најчестото оправдување на сопствениците за непочитувањето на ваквата законска обврска е дека нивниот домашен миленик не ја поднесува маската. Докторите по ветеринарна медицина причината ја гледаат во тоа што сопствениците не ги навикнуваат кучињата од мала возраст да ги носат, а кога тие ќе пораснат на возраст од година или две, за нив маската претставуваа страно тело. Ветеринарите со совет до сопствениците- на два или три месеци старост на кучето, да почнат да му ставаат маска со цел да му создадат навика.