Изминатиот викенд, клубовите од Македонската Традиционална Теквондо Федерација – „Хва-Ранг ИТФ“ (Лескоец – Охрид), „Мастер“ (Охрид), „Сонкал“ (Мислешево – Струга) и „Ге-Бек“ (Ресен), учествуваа на Меѓународниот таеквон-до ИТФ „А“ класа натпревар „Србија Опен 2025“, што се одржа во Нови Сад, во кокуренција од над 400 натпреварувачи од 8 земји. Под водство на националните тренери Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски, настапија 25 натпреварувачи и 4 судии од клубовите членки на М.Т.Т.Ф.
Очекувавме добри резултати од овај натпревар, но браќата Божидар и Владимир Димитриевиќ направија несекојдневен подвиг, доминирајќи во четири тежински категории во сениорска конкуренција, што ретко кој може да го направи. Успехот на овие двајца спортисти ќе има големо влијание на помладите натпреварувачи, бидејќи покажуваат што значи упорност, дисциплина и посветеност на тренинг.
Божидар Димитриевиќ забележа две исклучително значајни победи во финалните борби во сениорска категорија – 92 кг.и +92 кг. Владимир Димитриевиќ се натпреваруваше во сениорска категорија – 78кг.и -85 кг. Во финале во неговата категорија -78 кг, се сретна со актуелниот светски вицешампион од Бугарија, Димитар Величков, покажувајќи извонредна борба победувајќи го убедливо, додека во категоријата -85 кг, исто така во финалето се најде со Европски шампион, и загуби во замиот финиш тесно, со што покажа дека е рамо до рамо со шампионите и е подготвен да атакува на титула наредните Европски или Светски првенства, соопшти националната теквондо федерација.
Климент Богоески се натпреваруваше во две тежински категории во младинска конкуренција -63, и -69 кг, каде загуби од актуелниот Евроспки шампион од Бугарија, но и тој покажа дека е подготвен да ја претставува нашата репрезентација на Европско првенство, стои во соопштението.
Клубовите од Македонската Традиционална Теквондо Федерација освоија вкупно 22 медали (7 златни, 4 сребрени и 11 бронзени), што го потврдува квалитетот на подготовките и стручниот тим, изјави претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски. Тој изрази голема благодарност до генералниот спонзор “ПН Метал” за нивната долгогодишна поддршка во развојот на Таеквон-до ИТФ спортот во Македонија.
Освоени медали по клубови:
„Хва-Ранг ИТФ“ (Лескоец – Охрид),
Теодора Митреска
• 1 место – форми, Сениори (борба со замислен противник, црвен појас (18–34 години)
• 2 место – борби, Сениори -67кг (18–34 години)
Теодора Тодороска
• 1 место – форми, младинки (борба со замислен противник, Плав појас (16– 17 години) • 3 место – борби, Ј младинки -64 кг (16–17 години)
Анастасија Чулческа • 1 место – форми, младинки (борба со замислен противник), Зелен појас (16– 17 години) • 3 место – борби, младинки -58кг (16–17 години)
Миа Танеска • 1 место – борби, Кадетки +55кг (12– 13 години) • 2 место – форми, Кадетки (борба со замислен противник), Црвен појас (12–13 години).
OhridNews



























