Сигурната игра и убедливиот триумф на гостувањето во Велес кај Борец (26-20) на Ракометниот клуб Охрид му донесе три бодови, а на играчите неколку индивидуални признанија.
Три од седумте играчи во идеалниот тим на седмата рунда доаѓаат од составот на Охрид. Помеѓу најдобрите специјализираниот интернет сајт „24ракомет“ ги сврсти Бобан Блажески, Томислав Кљајиќ и Јовица Младеновски.
Десното крило имаше нов ефикасен учинок и беше најголема закана за голманите на Борец. Младеновски со своето искуство беше од голема помош во двата правци, додека Кљајиќ го одигра најдобриот меч во дресот на Охрид сезонава.
Во составот на колото покрај триото од Охрид се наоѓаат Филип Иваноски и Гоце Ојлески од Еурофарм Работник, Ласко Андоновски од Пролет и Михајло Митиќ од битолски Пелистер.
Својот глас за играч на колото можете да го дадете на следниов линк тука.
OhridNews