Охридското Социјално друштво „Св. Наум Охридски“, на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Регион Охри и донираше 1600 парчиња заштитни ракавици и 1500 повеќенаменски заштитни маски.
- Нашите сонародници од Австралија покажаа грижа за здравјето на полициските службеници кои деноноќно се на терен и несебично се ангажирани во спроведувањето на полицискиот час, обезбедување на државните карантини и во други бројни и сложени безбедносни мерки за заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. – истакна Стефан Димовски, претседател на ИПА – Регион Охрид.

Донацијата, е дистрибуирана до полициските службеници во полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар и ќе придонесе за зголемување на безбедноста во нивната работа но и во зачувување на нивното здравје.

OhridNews












