Охридското Социјално друштво „Св. Наум Охридски“, на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Регион Охри и донираше 1600 парчиња заштитни ракавици и 1500 повеќенаменски заштитни маски.

  • Нашите сонародници од Австралија покажаа грижа за здравјето на полициските службеници кои деноноќно се на терен и несебично се ангажирани во спроведувањето на полицискиот час, обезбедување на државните карантини и во други бројни и сложени безбедносни мерки за заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. – истакна Стефан Димовски, претседател на ИПА – Регион Охрид.

Овој хуман и солидарен гест на нашиот сонародници-членови на Охридското Социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн-Австралија, е вреден за почит и доаѓа во исклучително важни моменти, велат од ИПА – Регион Охрид.

Донацијата, е дистрибуирана до полициските службеници во полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар и ќе придонесе за зголемување на безбедноста во нивната работа но и во зачувување на нивното здравје.

Инаку, неодамна, а по повод Денот на полицијата, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Интернационалната полициска социјација (ИПА) Регион Охрид, и врачи благодарница за хуманост и посебен придонес во справувањето и надминувањето на последиците од КОВИД 19.

OhridNews