Oбезбедена донација од дванаесет телевизори од марката Тесла наменети за сите детски градинки во Охрид од страна на почесниот Конзулат на Р. Србија во Охрид, по повод 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор.

Со опремата ќе се овозможи поефикасна едукација и забава на нашите најмили дечиња кои се нашето најголемо богатство и иднина. Донацијата е веќе предадена. Се стремиме да правиме уште поголеми проекти во иднина. Сега имаме најава и за донирање на јоги душеци во сите градинки, промена на старите со нови, а ќе ги реконструираме односно ревитализираме и тоалетите во сите градинки. Ова е проект во најава кој се планира да биде реализиран во наредните неколку месеци, вели Михајло Филев, почесен конзул на Р. Србија во Македонија.

Почесниот конзулат на Р. Србија со поддршка на Амбасадата на Р. Србија во Македонија, Владите Србија и Македонија, Општина Охрид и општините во регионот ќе соработуваат и секогаш ќе помагаат во реализација на општествените проекти во интерес на граѓаните за уште подобра функционалност во сите сфери и да се забрза и олесни соработата на сите полиња како економијата, стопанството, туризмот, додава Филев.

Идеалните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави и цврсто подадената рака помеѓу двата братски народи ќе генерира мир, стабилност, безбедност на целиот регион и успешна соработка во сите сегменти. Нашиот Охрид нека биде слободен и вечен, а ние да се стремиме да создадеме корисни идеи за модерен и развиен град. Честит 7-ми Ноември Денот на ослободување на Охрид, нека бидат вечни нивните дела и аманет за идните генерации, храброста и пожртвуваноста на нашите предци борци и никогаш да не бидат заборавени, вели Филев.

Н.С.Ј
фото. К.С.