Камион MAN за собирање смет во вредност од 30.000 евра како донација доби Општина Дебрца која ќе ја користи ЈКП Дебрца.

Донацијата му беше предадена на градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски од страна на градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг.

Ова возило ќе направи голем напредок во одржувањето на чистотата во нашите села. Дебрца од денес има уште еден голем пријател. Ова е само почеток на многу нови проекти и соработка помеѓу нашите општини, објави градоначалинокот Сиљаноски.

Тој изрази благодарност до градоначалникот на Виена, и до општинската администрација на Дебрца која аплицираше за ова возило во 2024 година.

OhridNews