Вредна донација од спортски реквизити, топки за кошарка, фудбал и одбојка, од Почесниот конзулат на Р. Србија во Охрид за ученици во ООУ „Дебрца.

Драго ми е што со градоначалникот Сиљаноски негуваме долгогодишен, искрен и пријателски однос, кој преку вакви иницијативи продолжува да дава конкретни резултати. На заедничка иницијатива договоривме во најскоро време збратимување со повеќе рурални општини од Р. Србија со Дебрца, за уште позабрзна соработка и искористување на сите потенцијали кои ги има втората општина по големина во Македонија и претставува скриен дијамант со огромни стратешки, уникатни природни, културни и верски вредности и ресурси за развој на економијата преку руралниот туризам, земјоделството, сточарството итн., вели Филев.
Во најскоро време, посочува Филев, Општина Дебрца и Почесниот конзулат на Р Србија, со заедничка соработка на институциите на Р. Македонија и Р. Србија ќе направи и фитнес-сала која ќе служи за спортските потреби на граѓаните.
Детските насмевки и задоволството на граѓаните се нашето задоволство и заеднички мотив за создавање на уште поголеми хумани дела, додава Филев.
OhridNews













