Претседателот Доналд Трамп, денеска попладне по американско време, прогласи вонредна територија на целата територија на САД, со цел спречување на пандемијата на корона вирус во земјата.

Како што пренесува „Гардијан“ Трамп одлуката ја соопштил на прес конференција во белата куќа. Истата на претседатело му овозможува пристап до 50 милијарди долари од федералните резерви, кои ќе бидат наменети за борба против пандемијата.

Презедовме одлучни чекори. Ги забранивме летовите од и кон Европа која сега е епицентар на пандемијата, а исто така забранивме влез на сите странски државјани во САД во период од 14 дена. – истакнал Трамп, најавувајќи преземање на сите неопходни мерки за заштита на американските граѓани.

Трамп најави 500.000 дополнителни тестови за корона вирус, како и отварање на центри за сузбивање на вирусот во сите болници, на кои им е наредено да ги активираат плановите за вонредна ситуација.

Се проценува дека во САД со корона вирус се заразиле околу 2000 лица, од кои 40 починале.

OhridNews