Роки бездомното куче од Охрид ќе патува за Германија на 26ти септември.  Со цел побрзо и полесно да се соберат средствата за пат и транспортер во пресрет повторно излезе кафе Галерија.

 
Во сабота (23.09) со почеток од 16 часот до 20 часот со секој испиен пијалак во внатрешниот дел на кафе Галерија процент оди за Роки. Исто така ќе има рачни изработки, книги, бижутерија, садови за миленици,облека за миленици, торба за пренесување на миленици кои ќе се продаваат и парите ќе одат кај Роки. 

OhridNews