Организирање на ,,Донаторска конференција за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем” со помош на Јапонската агенција за меѓународна соработка е еден до приоритетите на ,,Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро” за 2014 година.
Освен оваа иницијатива, фокусот на секретаријатот ќе биде насочен и кон прогласувањето на Охрид-Преспа за прекуграничен биосферен резерват.
-Во Мај 2014 година во Шведска ќе биде донесена одлуката за прогласување на Охрид-Преспа за прекукраничен биосферен резерват, кој ќе биде 13-ти во Светот. Ние ќе се потрудиме да ја засилиме еко-дипломатијата во пресрет на одлуката и по евентуалното прогласување, а ќе го финализираме и ,,Акциониот план за менаџирање со Биосферниот резерват”. Исто така ќе се засили и соработката со КФВ банката за финансирањето на активностите, вели Дејан Пановски официјален претставник на секретаријатот.
Тој најавува дека Билатералниот секретаријат во 2014 година ќе ги има и водечките активности во Проектот на Европската Унија за ставање на албанската страна од Охридското Езеро под УНЕСКО.
-Од македонска страна ќе бидат вложни сите ресурси и искуства за да се помогне на албанската страна за добивање на статусот, со што ќе се интегрира заштитата на природното и културното наследство околу Охридското Езеро, потенцира Пановски.
Според годишниот план на активности за 2014 година, службите на Билатералниот секретаријат ќе бидат концентрирани и на Дримски Проект.
-Во Март догодина ќе се добие финална класификација во ГЕФ и имплементацијата ќе започне по потпишувањето на финансиските договори од страна на Државите опфатени со Дримскиот проект. Ова е најголем проект од овој вид во моментот и ќе придонесе за решавање на проблемите со управувањето на сливот, со езерата, со биодиверзитетот и со влијанието на климатските промени во енергатските потенцијали, како и заштита од поплави и подигање на свеста за зачувување на природните ресурси, објаснува Пановски.
Тој најавува дека во 2014 година ќе посветат внимание на едукацијата на децата за еколошките проблеми, а ќе работат и на поттикнување на надлежните да ја зајакнат казнената политика кон загадувачите.
OhridNews