
„Стигнавме до моментот кога ја сензибилизиравме донаторската заедница за важноста на Дримскиот басен и таа го препозна значењето на истиот. Тимот составен од преставници на Комитетите од Преспа , Охрид и Скадар ќе го финализира проектот и ќе преземе активности за формирање единствено координативно тело. Тоа ќе го внесе проектот во процес на имплементација која ќе обезбеди дијагноза на басенот и план за негово управување . Воедно тоа ќе биде голем предизвик поради еколошката и пред се енергетската важност на Басенот“, изјави Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.
Според Пановски, Проектот за управување со Басенот на Дрим ќе ја помогне и имплементацијата на новиот Закон за води во доменот во воспоставување на управување на ниво на речен слив. Тој најави дека набрзо треба да започнат активности
„Со овој потег, вели Пановски се очекува да се исполни Рамковната Директива за води на ЕУ но ќе ни се даде и шанса да се пресретнат драматичните сценарија околу хидролошката и енергетската состојба во идниот период“.
Ohridnews












