Во рамки на посетата на Основното училиште Дебрца во с. Белчишта, културното аташе при Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија Катрин Фриинсфелд, врачи донација од книги и дидактички материјали за јазичното катче во училиштето, а со цел зголемување на библиотечниот фонд. 

Посетата се реализира на покана на училиштето што ја упати наставничката по германски јазик Билјана Бибоска Стојкоски. По тој повод дел од ученицте од 6 и 7 одделение заедно со училишниот оркестар под менторство на наставничката по музичко образование Светлана Богданоска, подготвија пригодна програма во рамки на која изведоа песничка на германски јазик.

Фриинсфелд се запозна со работата на училиштето и програмата за изучување на Германскиот јазик, а во разговор со вработените биле разгледани можностите за унапредување на соработката.

OhridNews