Успешната реализација на овогодинешната хуманитарна, спортско-рекреативна акција “За посреќно детство” ќе биде крунисана со донација на кревети од страна на Црвен крст Охрид, на Детското одделение при Општата болница Охрид, кои се набавени од средствата собрани со продажбата на учесничките броеви и учество на младите во оваа акција.

Во рамки на проектот, младите ликовни уметници, но и оние кои се чувствуваат талентирани за цртање, ќе можат да ги покажат своите вештини на отворената јавна работилница под мотото “Младите ликовни уметници цртаат за Детското одделение при Општа болница Охрид”, која ќе се одржи денеска на Градскиот плоштад “Св.Климент Охридски” со почеток 12:00 ч. На посебно поставените штафелаи, нашите сограѓани ќе можат да ја покажат својата ликовна креативност и со цртање да придонесат во боите на нивните дела да уживаат и се радуваат децата кои се лекуваат на Детското одделение.

Работилницата ќе ја водат младите уметници Славчо и Анастасија Баче, а реализацијата на истата ја помогна продавницата “Суна”.

OhridNews