Основното училиште „Христо Узунов“, денес, доби донација во вид на канцелариски столчиња.

Како што информира директорот Тони Симоновски, со оваа донација ќе се променат дотраените столови во Наставничката канцеларија и ќе се подобри амбиентот за работа на наставниот кадар.Донацијата е од Фондација Елена Лука од Скопје, а вредноста е околу 50 000 денари.

Симоновски со благодарност до Фондацијата Елена Лука, посочувајќи го овој пример кој треба да послужи како поттик и за другите компании да вложат во училиштата, бидејќи секој влог во подобрувањето на работата во училиштата придонесува и кон подобро пренесување на знаењата на наставниците на учениците.

OhridNews