Денес во општина Дебрца пристигна донација од Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Западна Австралија, сопственик на фондацијата „ Капинков“. Капинков за сите првачиња кои ќе се запишат во оваа учебна година донираше комплет училишен прибор и чанти, а воедно им посака да имаат успех во образовниот процес.
Донацијата и посета на Капинков во општина Дебрца е во организација на почесниот конзул на Република Македонија, Зоран Ќосески.
OhridNews