Првата ѕвезда на Далас меверикс, Лука Дончиќ е прогласен за најдобар кошаркар на неделата во Западната конференција на НБА, објави прес-службата на лигата.

Далас на овие средби забележа две победи и претрпе еден пораз.
Најдобар играч на неделата во Источната конференција е кошаркарот на Чикаго булс, Демар Дерозан. Американецот одигра четири меча, со просек од 29,8 поени, како и 5,5 скока и 6,3 асистенции по натпревар.
„Биковите“ на овие четири натпревари имаат биланс три победи и еден пораз.
OhridNews
фото. МИА/ЕПА










