Општина Охрид донесе решенија за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Како што наведуваат во соопштението општината врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање.
Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот од 01.01.2022 година, заклучно со 31.12.2022 година. Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата, се наведува во соопштението.
Согласно програмата за социјална заштита во буџетот на Општина Охрид за оваа намена се предвидени 1.500.000,00 денари.
OhridNews












