Наместо проекти за охриѓани, СДСМ и в.д градоначаликот Константин Георгиески спроведуваат партиски вработувања, обвинува претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев.
- Од една страна Георгиески нема пари за улично одржување во зимски услови и го остави Охрид неисчистен од снег, а од друга страна преку општината како основач на ЈП „Охридски комуналец“ на следната седница на Совет предлага нови 40 административни вработувања од кои 16 унапредувања во Претријатието. Овие партиски вработувања ќе ја чинат општината над 6. 600. 000 денари или околу 110 илјади евра на годишно ниво. Наместо нови товарни моторни возила со опрема за чистење снег, парите ќе се трошат за партиските вработувања, вели Донев.
Донев додава дека Георгиески не може да се претставува како в.д градоначалник на сите граѓани, а при тоа приоритет да му се тесно партиските интереси.
- Систематското решавање на проблемите треба да биде приоритет, пиењето чај е добар потег, но на тие луѓе им треба современа механизација за успешно завршување на работата и што побрзо да се вратат во своите топли домови, вели Донев.
OhridNews












