Извештаите на Јавните претпријатија презентирани на последната седница на советот, повеќе или помалку ја отсликуваат реалноста, а таа е дека изостанале било какви инфраструктурни активности, со тоа изостанал и нивен ангажман од страна на општината, истакна денеска на прес кнференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев.

-Некои од Јавните претпријатија во отсуство на реализирани значајни активности само трошеле на поправки и резервни делови и безмилосно ја празнат касата со ризик наскоро да кубурат за плати. – рече Донев.

Тој обвини дека  РЕ „Водовод“ од Охрид вдомува партиски кадри преку агенцијата за времено вработување чија бројка за 6 месеци достигнала 17 новоангажирани.

OhridNews