Претседателот на општинската ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев, обвинувањата од ГДУ изнесени денес на прес конференција ги отфрла како целосно невистинити.

  • Ги повикувам да ја прашаат  јавно директорката на ЈЗУ „Општа болница“ зошто за доктори не се примени највисоко рангираните кандидати, туку се примени послабо рангирани кандидати по нечија директива. Имено, на конкретниот конкурс кој се споменува не беа примени ни најдобро рангираната кандидатка, ни мојата сопруга, токму заради партиска неподобност. Примени беа доктори со понизок успех на тестирањата, додека објавената табела е табела на освоени бодови од успех, стручен испит и странски јазик, а не листа на избрани кандидати, вели Донев.

Донев бара во рок од 24 часа јавно извинување согласно Законот, на начин и место како што беа првично изнесени тврдењата од ГДУ, во спротивно до надлежниот суд ќе биде покрената соодветна тужбена постапка.

OhridNews