Претседателот на општинската ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев, ја обвини локалната самоуправа и градоначалникот за како што вели, катастрофална состојбата во образованието, воедно и дека се ставаат бизнис интересите над грижата за најмладите. Според Донев еден од доказите за ваквото тврдење е извршениот ребаланс со кој се извршило драстично кратење на милионски суми и пренамена за враќање стари обврски.

  • Да биде трагедијата поголема од последните извештаи се гледа дека и од тие скратени средства во образование и детска заштита најголемиот дел се дозволило да бидат повлечени (извршени) од добро познати доверители. Зошто градоначалникот Георгиески свесно ги остави средствата од образование и детска заштита за извршување? Зарем мораше од фирма која и без тоа има најмногу вратен долг годинава? Не чувствувате барем ни малку срам затоа што санитарните јазли во училиштата се во очајна состојба, а просторните услови само се влошуваат?Зарем не Ви беше доволно враќањето милиони, па сега моравте да скратите и од најмладите во образованието и детската заштита?, праша Донев.

Додаде дека додека превозните услуги се зголемиле за цели два милиони денари во основно образование, од предвидените капитални расходи во основно образование се скратиле седум милиони денари, а во средно образование дури три милиони денари.

OhridNews