
Младите волонтери на МСО ќе поминуваат дел од своето слободно време со хоспитализираните врсници со цел да им го приближат секојдневниот живот на младите; при што два пати во месецот 10 волонтери, низ интерактивни работилници ќе ги едуцираат своите врсници за ненасилна комуникација, животни и социјални вештини, создавање на интеркултурно општество, надминување на предрасуди итн, еднаш во месецот ќе се изведуваат надвор од болницата во посета на знаменитости и институции во градот и еднаш во месецот ќе биде организирано дружење со младите прилагодено на нивните желби и потреби.
На концертот ќе настапат ученици од ОУ “Методи Патчев”, ДУО Богдан и Иво, “ICY LULLABY”, ”FLASH 5″ и Симона Попоска, како и КУД “Отекс” и Балетската група при Центарот за култура
Билетот за концертот чини 100 денари. МСО ги повикува сите граѓани кои што сакаат да ги поддржат активностите и иницијативите на младите да присуствуваат на добротворниот концерт во сабота на 17.05.2008 во 19 часот во Центарот за култура “Григор Прличев”.
ohridnews











