Во рамки на хуманитарната собирна акција под мотото „Дарувајте радост на првачињата“, Младите на Црвен крст Охрид во изминатиот период собираа училишен прибор.
Приборот денес беше дониран во седум основни училишта во Охрид и Дебрца, а е наменет за 114 првачиња.
Во донацијата се вклучија поединци, фирми и институции.
OhridNews















