Донирана компјутерска опрема во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од страна на компанијата „Костал“ информираат од училиштето.
Опремата е составена од 13 преносни компјутери (лаптопи), 9 десктоп компјутери, 4 рутери, еден сервер и останата мрежна опрема. Таа е наменета за подобрување на компјутерската мрежа во училиштето како и подобрување на условите за работа и изведувањето на наставата, велат во соопштението од училиштето.

OhridNews












