Здружението на пензионери од општините Охрид и Дебрца, согласно програмските активности, а поради состојбата со корона вирусот, преку Активот на пензионерките организираа хуманитарна акција.

Во рамки на акцијата собрана е поголема количина на облека која денес беше предадена како донација во општинскиот Црвен крст.

Облеката е наменета за пензионери и граѓани на кои им е потребна, а ќе биде дистрибуирана преку Црвен Крст.

OhridNews