По повод најголемиот христијански празник Велигден, ЈП Градски Пазар и општина Охрид , во координација со општинскиот Црвен крст спроведоа хуманитарна акција, при што беа доделени 23 пакети со прехрамбени производи наменети за социјално загрозени семејства.

– Празникот е за сите. Се надевам дека колку толку допринесовме и овие семејства на кои им подаривме пакети да го почуствуваат празникот. Секако огромна благодарност и до донаторите кои веднаш се одзваа на нашата покана да помогнат во подготовката на пакетите, а тоа се АД Жито леб, Тим компани како и АБВ Дизајн Охрид, истакна директорот на ЈП „Градски Пазар“, Тони Коталески.

OhridNews