
Од Центарот за јавно здравје информираат дека вакцината штити една година од сезонскиот грип, односно од двата типа на вирусот А и Б. Според специјалистот по епидемиологија при овој Центар, д-р Јованка Стурлакова – Коровешовска до сега се вакцинирани над 1100 граѓани на Охрид.
-Вакцината е најпотребна за лицата со намален имунитет, потоа дијабетичарите, оние кои боледуваат од астма како и луѓето со бубрежни заболувања. Треба да се вакцинираат и лицата кои се во постојан контакт со луѓе – додаде Стурлакова – Коровешовска.
Цената на вакцината е 400 денари. Единствена овластена институција за нејзино давање е Центарот за јавно здравје од Охрид .












