Се поизвесно е дека фудбалерот на Дортмунд, Роберт Левандовски ќе ја продолжи кариерата во Баерн Минхен. Но, „милионерите“ прават се да извлечат максимум од неговиот трансфер.


Управата на “милионерите“ по првата официјална понуда од Баерн за Левандовски ја прифатиле, но доставиле барања место висока оштета двајца фудбалери да се преселат на Сигнал Идуна парк и тоа Марио Манџукиќ и Џералд Шаќири.

– Ќе има промени зошто градиме нов тим. Неколку играчи ќе го напуштат клубот, но јас и понатаму сум сигурен дека ќе направиме екипа која ќе го нападне врвот во Бундес лигата и Лигата на Шампиони – рече Клоп.

Пред завршувањето на сезоната “баварците“ имаа сензационален трансфер откако за 37 милиони евра на “милионерите“ им го “украдоа“ Марио Геце.

Мх.П.