Борусија Дортмунд ја одбрани титулата во Бундес Лигата. Финалистот во Лигата на Шампиони, Баерн Минхен заврши веднаш зад “милионерите“. Третата и четвртата позиција им припадна на Менхенгладбах односно Шалке 04.


Во Лигата на Европа, наредната сезона Германија ќе ја преставуваат Леверкузен и Штутдгард додека од Бундес Лигата се простија Келн и Кајзерслаутен. Бараж средба за опстанок во елитното друштво ќе игра Херта.


Најдобар стрелец во германската Бундес Лига, е напаѓачот на Шалке, холанѓанецот Клас Јан Хунтелар со 29 голови. Втората позиција е резервирана за Марио Гомез кој има 26, на третата позиција е Левандовски од шампионот Дортмунд со 22.


Мх.П.