Министерот за култура на РМ, Асаф Адеми, во месец јули, по спроведените конкурси именуваше директори со полн мандат од четири години на осум национални установи, информираат од министерството за култура.

За директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е именувана Гордана Змејковска, во НУ Центар за култура во Битола за директор е именувана Маја Андоновска-Илијевски, во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино е именувана Роска Илиева.

Директор на Народниот театар од Битола со полн мандат е Иван Јерчиќ. Благоја Атанасоски е именуван за директор во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Прилеп, во НУ Музеј-Гевгелија, за директор е назначен Бобан Хусениковски.

Васо Ристов е именуван за директор на Македонската опера и балет и за директор на НУ Турски театар е именуван Ердоан Максут.

OhridNews