Како што информираат од МВР, вчера, во 22. 30 часот во Полициската станица во Охрид од страна на лекар од охридската Општа болница, било пријавено дека во куќа на улицата „Гоце Делчев“, констатирана е смрт кај 62-годишно лице од село Лабуништа. Истиот бил на гости во домот каде му се слошило и паднал на подот.
Увид е извршен од страна на увидна екипа при СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
OhridNews












