Тим од Единицата за спасување на планина и непристапни терени од Охридскиот Црвен крст заедно со претставници на Центарот за управување со кризи-регионална канцеларија Охрид, денес од раните утрински часови дистрибуираа прехрамбени производи, средства за хигиена, ќебиња и лекови до 6 семејства во отсечените села во општина Дебарца.

Помошта беше доставена во селата Црвена вода, Издеглавје, Слатино и Годивје, а поради високиот снег за транспорт на помошта беа користени и коњи од месното население.

Волонтерите на Црвен крст во текот на изминативе денови биле активни и во градската средина, особено во стариот дел на Охрид, каде доставувале помош во храна и лекови за старите лица кои живеат сами и поради својата здравствена состојба и временските неприлики не можат да излезат од своите домови.

И во наредниот период, додека траат ниските температури и проблемите предизвикани од снегот, екипите на охридскиот Цревен крст ќе бидат во постојана координација со ЦУК-Регионална канцеларија Охрид и ќе бидат подготвени и мобилни да одговорат на предизвиците.

OhridNews