„Достоинство“ преку референдум ќе го менува Талат Џафери
26.02.13 00:01
„На референдумот прашањето ќе биде дали сте за припадници на екстремистички и паравоени групации кои учествуваа во вооружени дејствија во РМ во 2001-ва година, да можат да бидат бирани за Министер за одбрана, правда и внатрешни работи.“ – изјави лидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов, на вчерашниот работен состанок, истакнувајќи дека новиот Министер за одбрана ќе се менува преку референдум.
Тој потенцира дека во овие три ресори, нема место за човек кој учествувал во вооружени дејствија против македонските безбедносни сили.
„За повторно да не не обвинат за национализам, ограничуваме на овие три министерства. Нека биде Талат Џафери во некој друг ресор. Но не може човек кој бил во УЧК, дали бил обичен војник или командант, да биде Министер за одбрана.“ – вели Ангелов.
Дали „Достоинство“ ќе се одлучат на ваков чекор и дали воопшто ќе дојде до референдум, ќе покаже времето.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од село Ботун, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 45-год...
По ставањето во функција на системот „Безбеден град“ во Охрид на 12 октомври, граѓаните реагираа на начинот на кој функционираат семафорите на улицата „Железничка“ Возачите укажуваа дека светлосна...
Прекин во водоснабдувањето најавуваат во понедленик, 26 октомври, на целата териотрија на Општина Струга од ЈП „Водовод и канализација“ – Струга Прекинот, велат, ќе биде поради изведување работи за...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.