Учениците и вработените во основното училиште “Ванчо Николески” од Лескоец, со пригодна свеченост го одбележаа својот патронен празник 10 Мај – ден кога е отпечатена првата збирка поезија за деца со наслов “Македонче” од писателот Ванчо Николески.
По повод Патронатот беа реализирани бројни активности, изложби и натпревари во знаење, а како завршна точка беше вечерната приредба на која присуствуваа повеќе стотини луѓе: ученици, наставници, родители, жители на локалната средина како и претставници на локалната самоуправа, предводени од претседателот на Советот на општина Охрид.
Пред бројната публика, учениците од “Ванчо Николески” изведоа едночасовна приредба во која настапи училишниот хор, А учениците од Косел се претставија со прекрасната “Јана е шума градила”. Присутните уште ги видоа драматизацијата на ”Бегалка” , сценскатата презентација и еко-советите на екологистите од Лескоец, рециталот со стихови посветен на Македонија, како и прекрасната кореографска изведба на “Билјана платно белеше”. На приредбата беа доделени повеќе награди, пофалници и благодарници на ученици и наставници кои со својот труд и работа се истакнаа во текот на изминативе години.
Фото галерија:
Одбележан патронот на О.У. “Ванчо Николески” Лескоец
OhridNews
Фото „Рекс“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com