Од синоќа, на полноќ жителите на потегот од улицата „АСНОМ“ до „Македонски просветители“ , по речиси целодневен прекин во водоснабдувањето, добија вода за пиење.
Екипите на МЈП Проаква Водовод Охрид работеа до доцните вечерни часови и го отстранија настанатиот дефект поради кој дојде до поплавување на неколку станови на улицата АСНОМ, а голем дел од градот остана без вода.
Дефектот, односно пукањето на главната водоводна цевка се случи вчера утрото, околу 9.30 часот.
OhridNews