Доцни исплатата на паушалите кои им се исплаќаат на советниците за нивниот ангажман во советот на општина Охрид. Пред два дена тие ги добиле парите за месец ноември, но сеуште не им е исплатен надоместокот за декември и јануари.


Од локалната самоуправа објаснуваат дека паушалите за ангажманот на советниците се исплаќаат согласно финансиските  можности на локалната самоуправа.

Минатиов период имаше слаб прилив на средства, особено од централно ниво, трансферот на средствата кон општината доцнеа и затоа паушалите за декември и јануари не им се исплатени на советниците. Очекуваме прилив на средства деновиве и за скоро време советниците ќе го добијат надоместокот за сработеното во изминатите два месеца, вели секретарот на општина Охрид, Димитрија Вревезоски.

OhridNews