Непочитувањето на комуналниот ред и нерегулираниот сообраќај, и оваа година предизвикува хаос во стариот дел на градот. Дотур на пиво вчера претпладне во 11 часот во угостителски објект на улицата „Коста Абраш“ го закрчи сообраќајот на оваа инаку еднонасочна улица. За кусо време се создаде колона од возила и нервоза кај возачите.

Граѓаните од стариот дел на Охрид реагираат дека често не се почитуваат сообраќајните правила и бараат најитно да се воспостави соодветен режим на сообраќај, за да се спречат вакви проблеми кои негативно се одразуваат на нивниот секојдневен живот, но и на туризмот.

OhridNews