Поради поставувањето на новогодишнте украси во чаршијата, Локалната самоуправа апелира, доставувањето на роба во деловните објекти да се врши исклучиво со ниски возила, бидејќи може да дојде до оштетување на реквизитите и други несакани проблеми.

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, како и специјализирана компанија, започнаа со украсување на Охрид за претстојните празници. Охрид во наредните денови ќе блесне во празничен сјај, а се подготвува и богата уметничка програма за Нова година и празниците кои доаѓаат.

OhridNews