Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во источните делови локално со краткотраен дожд. Во попладневните часови ќе има локална нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи. Слично време и во Охрид, со максимална температура до 28 степени Целзиусови. Индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8, соопшти УХМР Македонија.

Променливо време со услови за врнежи од дожд ќе преовладува и во наредните денови. Максималната температура ќе се движи од 23 до 34 степени.

OhridNews