Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат повеќе застапени во јужните и западните делови. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 3 степени Целзиусови, информираат од УХМР.

Врнежливо време не очекува и во деновите од викендот и во понеделник. Минималната температура ќе се движи од -2 до 3 степени, а дневната до 7 степени.

OhridNews