Времето денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд, на некои повисоки места и на планините од снег, особено попладне. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови до засилен југоисточен ветер.

 

Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава, каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 5 степени Целзиуосови, информира УХМР Македонија.

OhridNews