Времето денеска претпладне ќе биде умерено облачно и топло со сончеви периоди, а околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 18 степени Целзиусови.

Слично време не очекува и во наредните денови. Во петок врнежите ќе бидат послаби, а во сабота повторно ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Врнежливо ќе биде и во недела. Максималната дневна температура ќе се движи до 24 степени.

OhridNews

За првомајските празници внимавајте каде правите скара

 

За првомајските празници внимавајте каде правите скара