Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид дождливо и посвежо. Максималната дневна температура ќе достигне до 18 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.
Дожд ќе има и во вторник но дневната темпаратура ќе биде повисока и ќе се движи од 21 до 29 степени. Во среда ќе има стабилизација, но веќе во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.
OhridNews