Обилните врнежи од дожд изминатите денови, го изладија Охридското Езеро. Според утринските мерења температурата на водата во езерото изнесува 23 степени, два помалку во однос на почетокот на неделата.

 

Според најавите на синоптичарите, променливото време ќе трае до крајот на седмицата, а зголемување на температурата на воздухот и водата се очекува од понеделник.

Г. М.