Врнежи од дожд проследени со грмежи и ветер, го зафатија попладнево Охрид. Дождот донесе мало освежување и за неколку степени ја намали температурата.


Променливо облачно време ќе преовладува утре, како и за Илинден, за кога се најавени повеќе концерти на отворено. Глобалната прогноза вели дека на 1-ви август ќе има дожд од 13 до 18 часот, но дека се очекува стабилизација на времето во вечерните часови по 20 часот за кога се закажани концертите на Задравко Чолиќ на стадионот „Билјанини извори“ и на Леб Сол во предворјето на Св. Софија.


Според најавите променливо облачно време ќе преовладува се до петок, кога според најавите не очекува нов топлотен бран со температури до 40 степени.

OhridNews