Времето денеска сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец (над 50 km/h).

Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 25 степени.

Во текот на новата седмица ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност во текот на денот. Температурите ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Минималната ќе се движи во интервал од 8 до 17 степени, а максималната дневна до 30 степени.

Г.М.