-Охрид и при обичен дожд се поплавува. Општината Охрид не го решава проблемот со атмосферската канализација. За Александар Петрески се друго е приоритет, освен решавањето на овој горлив проблем. Ова го изјави координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Пановски, на прес конференцијата одржнма денеска во Скопје.

Тој истакна дека сликите од поплавата во Охрид, се слики на град како од 18 век, без основни услови за живот.

-Поплавени домови, преплавени улици, атмосферска канализација која нефункционира, е жалната слика за туристичкиот центар Охрид.Причините за ова е немање на капацитет и волја на градоначалникот Петрески да се решат проблемите. Не е во прашање елементарна непогода, туку е во прашање недостиг на елементарна волја на Петрески, да се решаваат проблемите на Охриѓани.-рече Пановски.

Тој побара градоначалникот да излезе и да објасни зошто цели 8 години колку што трае неговиот мандат проблемот не е решен.

-Наместо да се зафати со изградба на ефикасна атмосферска канализација, Петрески се занимава со преговори со концесионерот на градските паркинзи. Нему тоа му е приоритет, затоа што таму има профит. Но додека се прават бизнис зделки охриѓани тонат во проблеми. Токму тоа недомаќинско работење, граѓаните на Охрид ги чини поплавени домови и преплавени улици.-додаде Пановски.

Одговор стигна од Локалната самоуправа.

-За ВМРО – ДПМНЕ Александар Петрески е крив затоа што вчера дождот интензивно,  паѓаше во Охрид во текот на целиот ден. Најверојатно тие се заслужни што денес грее сонце. Можеби премиерот Никола Груевски го пушти денешното сонце во Охрид?!– одговорија од Кабинетот на градоначалникот.

Во соопштението уште се наведува дека колекторскиот систем е една од најголемите инвестиции направени воопшто во Охрид. Изгаден бил со средства на граѓаните, а во неколку наврати, за негова ревитализација и доизградба пари донирале владите на неколку европски држави. За жал, досега македонската влада не вложила ни денар, за да се комплетира работата на овој комунален објект, реагира локалната.

-Одржувањето на  колекторски систем скапо ги чини и граѓаните и Локалната самоуправа, а ЕЛЕМ која целосно го користи езерото за произведување на електрична енергија, не одвојува ни денар за субвенција на потрошената електрична енергија на пумпните станици на системот. Граѓаните неодамна ,кај поранешниот маркет “Макси Д“ видоа како тимот на ВМРО – ДПМНЕ во 2003 година ја поставуваше атмосферската канализација. Видоа како тој тим цевките ги оставал пресечени на половина и затрупани. Можат ли, барем да ни кажат уште на колку места цевките се така оставени, пресечени и затрупани, па ние да ги санираме?!-стои во соопштението.

OhridNews