Чад и непријатна миризба синоќа повторно можеше да се почувствува во делови од Охрид. Чадот кој ги вознемири граѓаните доаѓаше од пожарот во околината на селото Вапила, кој вчера попладне и вечерта повторно се разгоре.

За среќа дождот кој почна да врне во текот на ноќта и утрово го изгасна огнот и го расчисти воздухот во градот.
OhridNews











