Зголемениот интензитет на сообраќај, дождливото време и невнимателноста се причина за зголемен број сообраќајни незгоди во шпицот на туристичката сезона.

На влажниот коловоз на улицата „Јане Сандански“ попладнево се случи сообраќајна незгода во која учествуваа возило и моторцикл.

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на почетокот на туристичкиот шпиц реализираше повеќедневна кампања во која беа вклучени сите учесници во сообраќајот, чија цел е превентивно да влијае во насока на намалување на сообраќајните незгоди во летниот период кога сообраќајот е  значително зголемен.

OhridNews